Чекор по чекор до здравје – Ден на пешаците
По повод 15 октомври – Денот на пешаците, учениците од VIII а и VIII б одд.со класните раководители Лорета Станковиќ и Татјана Силјаноска-Гочкова, реализираа активност под мотото „Чекор по чекор до здравје“.
🚶✔️Тие пешачеа во блиската околина на училиштето и делеа едукативни флаери со пораки за важноста на пешачењето за физичкото и менталното здравје. Преку оваа активност, учениците ја подигнаа свеста за придобивките од редовното движење и поттикнаа создавање здрави животни навики. Со секој чекор испратија порака дека грижата за здравјето започнува со мали, но значајни промени во секојдневието.





















Поврзани содржини