ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Посета на библиотека „Другарче“

По повод Месецот на книгата, денеска имавме прекрасно дружење со учениците од основното училиште „Григор Прличев“. 🎒📖
За време на посетата, децата се запознаа со работата на библиотеката и сите нејзини содржини, а во нашата читалница „Топси“ научија како се чуваат и обработуваат книгите. Голем интерес предизвикаа и изложбените предмети од Кинотека, додека игралната и киносалата донесоа многу насмевки, игра и забава. 🎬🎮
Им благодариме на учениците и нивните наставници за прекрасната енергија. Вратите на библиотеката се секогаш отворени за сите наши млади читатели! ❤️

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.