ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Обележан Денот на медиумите во нашето училиште

По повод Денот на медиумите, наставниците по македонски јазик Елена Тасевска и Татјана Сиљаноска Гочкова реализираа едукативна активност заедно со претставниците на Училишниот парламент.
🔍 За време на настанот, учениците проследија интересна презентација посветена на дезинформациите во медиумскиот простор. Преку конкретни примери, тие имаа можност да научат како полесно да ги препознаат лажните вести, која е нивната вистинска цел и како да се заштитат од манипулации.
💬 Активноста помина во одлична атмосфера, при што се разви плодна дискусија и интеракција, а учениците активно ги споделуваа своите ставови, искуства и размислувања за улогата на медиумите во секојдневието.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.