ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

ekologija 21 03 2022 5

21 Март Ден на пролетта и екологијата

Пролет – едно од четирите умерени годишни времиња. Пролетта го означува преминот, од зима во лето. Нејзините денови се долги околу 12 часа со растечка дневна должина, и настануваат некаде пред рамноденицата. На овој датум, должината на денот и ноќта се приближно еднаква во целиот свет. Едногодишните растенија цветаат во пролетта.
Во ООУ „Григор Прличев“,  Денот на пролетта и екологијата учениците од 5а, заедно со одд. наставник, Х. Јанева, го одбележаа со најразлични активности: чистење, плевење, засадување на нови цветни насади, уредување на дворот. 
Овој ден е Ден на пролетта и потребата од здрава еколошка средина. Големата заинтересираност за активностите од страна на учениците  радува, бидејќи тоа значи дека од мали нозе тие го прифаќаат овој начин на размислување и живеење. Се надевам дека тие ќе имаат своја еколошка свест која ќе биде повисока од општата и ќе се грижат за, поздрава и почиста животна средина.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе