Честит 8-ми Декември
На 8-ми Декември се чествува најдаровитиот ученик на рамноапостолните сесловенски браќа, првоучителите Кирил и Методиј – Свети Климент Охридски (830/840 – 916). Свети Климент учествувал во мисијата на Светите браќа во Панонија и Моравија, посветена на ширење на словенска богослужба и словенското православие.
Дваесетина години во Велика Моравија им помагале на солунските браќа во остварувањето на Моравската мисија. Кога Свети Кирил и Методиј биле повикани во Рим со нив бил и Свети Климент и тогаш бил ракоположен во духовно звање. По смртта на своите свети учители, заедно со другите ученици (Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици) се вратил во охридскиот крај, каде развил богата црковна, просветителска и книжевна дејност.
Ја основал Охридската школа, попозната како прв словенски универзитет. Во текот на триесет години, низ оваа образовна установа поминале околу 3.500 ученици, кои биле оспособени за богослужба. Св. Климент се смета за закрилник и патрон на македонскиот народ.
Учениците од секцијата млади истражувачи – историчари и уметници достојно го одбележаа Денот посветен на ликот и делото на овој наш значаен просветител кој воедно е и државен празник.





Поврзани содржини