Добредојде пролет
Со засадување на дрво во Парк шума Гази Баба нашите ученици и посакаа добредојде на пролетта, а вооедно на дело ја покажаа грижа кон животната средина, како еден од важните предуслови за квалитетен живот на сите.
По засадувањето со учениците од различни етнички заедници се реализираше и активноста “Пешачиме за мир, соживот и толеранција” со која беше испратена најсилната порака која вели: другарството не познава разлики.
Оваа активност беше реализирана во соработка со општина Гази Баба, Општинскиот сојуз на училишен спорт Гази Баба и Здружението на граѓани Грин Спорт.






Поврзани содржини