Еднодневна научно-наставна екскурзија во Лешок
На ден 14.05.2026 година учениците од IIIа и IIIб одделение реализираа еднодневна научно-наставна екскурзија во Лешок. ✨
Во рамките на екскурзијата беше посетен Лешочкиот манастир, каде учениците се запознаа со животот и делото на Кирил Пејчиновиќ, како и со историското значење на манастирот „Св. Атанасиј“ и црквата „Св. Богородица“. ⛪📖
За време на патувањето беше реализирана и посета на Шарената џамија, каде учениците се запознаа со културното и историското богатство на овој значаен верски и културен споменик. 🕌✨
Преку рекреативни и спортски активности на отворен простор ⚽🌳, дружење, набљудување и заеднички активности, учениците поминаа ден исполнет со радост, нови сознанија и убави доживувања. 🌞😊
Особено внимание беше посветено на развивањето на еколошката свест и грижата за природата. 🌱♻️
Денот помина во весела атмосфера, исполнета со детски насмевки 😊, другарување 🤝 и прекрасни спомени што долго ќе се паметат. 💙







Поврзани содржини