ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Еднодневна прошетка до Парк шума Гази Баба

На ден 01.10.2019 (вторник) ООУ Григор Прличев организираше еднодневна прошетка во Парк шумата Гази Баба за учениците од 1-во до 9-то одделение.
Поаѓањето започна според предвидениот термин во 08:30 часот. Учениците подредени во парови по двајца заедно со својот одделенски наставник наредени редоследно од 1-во до 9-то одделение се движеа по претходно одредената рута.

Околу 09:00 часот учениците и наставниците пристигнаа во Парк шумата Гази Баба и секое одделение заедно со својот класен наставник се сместија и по кратко време поголемиот дел од учениците придружени со дел од наставниците започнаа спортски игри. Останататиот дел од учениците го користеа слободното време за прошетка и за друг вид на игри и активности.

Во 12:30 часот започна враќањето кон училиштето кое се одвиваше по истата рута.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе