Еко час во нашето училиште
Учениците од VIIа и VIIб одд. 👩🏫👨🏫 со класните раководители Лорета Станковиќ и Татјана Силјаноска-Гочкова реализираа еко час 🌱 на тема „Настанување на смог и неговото влијание врз здравјето на луѓето и животната средина“ 🌫️🏭.
Еко часот е организиран од МОН и БРО 📚 како дел од големата пролетна акција „Генералка Викенд“ 🌿🧹. Учениците следеа презентација 💻, а потоа преку интересен експеримент 🧪 за создавање смог, тие практично се запознаа со начинот и причините за создавање смог што предизвикува загадување на воздухот 🌫️.
Следеше активна дискусија 💬 за последиците од смогот и можните начини за заштита и зачувување на чистата животна средина 🌳💚.







Поврзани содржини