ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

“Генералка викенд” и во нашето училиште 08 05 2026

“Генералка викенд” и во нашето училиште!

Учениците од осмите одделенија 👩‍🏫👨‍🏫 заедно со одделенските раководители Мартина Христова и Фросина Димитровска реализираа Еко час 🌿 каде се спроведоа активности кои ќе ја поврзат практичната работа на терен 🧹 со наставата 📚. Сметаме дека грижата за нашата животна средина 🌳 се учи и преку наставата и преку наше активно вклучување во акции за чистење, пошумување и зачувување на природата 🌱.

Темата на која работеа учениците беше „Управување со отпад“ ♻️, каде учениците донесоа различен вид на отпад 🗑️ кој го селектираа во Непходно, Потребно и Непотребно. Се дискутираше и за предметите кои можат да се реупотребат 🔄 со цел да се редуцира отпадот и како крајно решение да се рециклира ♻️, односно за Трите Р – (реупотреби, редуцирај и рециклирај) 🌍✨.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе