ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Музиката нѐ обединува – Вечер исполнета со емоции, песна и заедништво!

Петочната вечер (18.09.2026 г.) беше резервирана за вистинско музичко уживање на плоштадот Автокоманда! Голем број ученици од нашиот училиштен хор и оркестар, заедно со наставничката по музичко образование Елена Владева Апостолов, беа дел од големата прослава по повод 50 години Општина Гази Баба.
Покрај членовите на ансамблите, на настанот во голем број присуствуваа и многу други ученици од ООУ „Григор Прличев“, како и родители кои дојдоа да дадат поддршка и да уживаат во музичката вечер во толку масовен состав што фотографиите се премалку за да ја доловат целата бројност, атмосферата и насмеаните лица, енергијата и заедништвото на целото училиште!
Преку разновидната програма – од познати поп-хитови до убавата традиционална македонска народна песна, нашите ученици имаа можност одблизу да ја почувствуваат магијата на сцената, да учат од настапите на познатите изведувачи и да согледаат како музиката создава незаборавни спомени.
Ваквите настани се дополнителна инспирација и за нас и за нашиот хор и оркестар и одличен поттик за сите следни музички предизвици и проекти што нѐ очекуваат оваа учебна година! 🎵👏
Браво за нашите млади музичари кои секогаш со љубов го следат и негуваат музичкиот дух! 🎤🎻

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.