ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Награден конкурс од Фолконика 22-02-2025 - слика 1

Награден конкурс од Фолконика

На 21.02.2025 година нашите ученици учествуваа на музички настан во ООУ ,,Вера Јоциќ” организиран од Фолконика – Центар за зачувување и развој на македонската фолк музика, фолклорното творештво, едукација и иновации за деца, како дел од Проектот ,,Детска патувачка фолк библиотека во Гази Баба” поддржан од Општина Гази Баба. Нашите ученици се закитија со две награди од наградниот конкурс: 
– Прва награда од категоријата пеење и свирење на народна песна – изведба на „Не се бели Маре, мори“ од 6 и 7 одд.
– ‎Трета награда од категоријата цртање на народна песна –  Лејла Радончиќ 4-а одд.
Честитки и за нашите и за останатите наградени ученици, како и за сите учесници, да ја негуваме македонската народна песна и македонскиот фолклор и традиција и понатаму преку вакви конкурси.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе