Нашето виножито
По повод патрониот празник на ОУРЦ „Иднина“ во нашето училиште се реализираа работилници во IIа и IIIа одделение под мотото „Нашето виножито“.
Во работилниците беа вклучени учениците, одделенските наставници, образовните асистенти и училишниот дефектолог.
Во работилницата беа изработени голем цвет и пеперутки во боите на виножитито како и облаче со виножито и капки. Симболиката на цветот и облакот е училиштето, а пеперутките и капките во различни бои и големини ги симболизираат учениците.
„Честит патронен празник!“





Поврзани содржини