Општествено-хуманитарна работа
По повод 11 Мај – Денот на културата во сообраќајот, учениците реализираа едукативна и превентивна активност во соработка со СВР Скопје. 🚓🚔 Со цел подигнување на сообраќајната култура и безбедноста, учениците застануваа возачи и им делеа освежувачи за автомобил со пораки за внимателно и одговорно учество во сообраќајот. 🚗💨 Преку оваа активност учениците испратија силна порака за почитување на сообраќајните правила, внимателно возење и грижа за сите учесници. 🚦👣
Останатите ученици од нашето училиште се запознаа со значењето на овој ден и важноста од развивање сообраќајна култура уште од најрана возраст. 🧒📢
Голема благодарност до директорката на училиштето Александра Петковска-Анастасов за поддршката во реализацијата на оваа активност. 👩💼🙌
Благодарност и до претставниците од СВР Скопје за соработката, поддршката и едукативниот пристап со кој придонесоа учениците да ја сфатат важноста на безбедното учество во сообраќајот. 👮♂️👮♀️🤝
Посебна пофалба заслужуваат и учениците од седмо одделение кои со голема одговорност, ентузијазам и посветеност изминатиов период учествуваа во активноста. 🌟👏🏆
Заедно градиме побезбедна сообраќајна средина! 🌍🏙️🛡️







Поврзани содржини