ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Посета на Меѓународниот аеродром Скопје

Во рамките на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, на ден 12.10.2022г. по покана на родителот Марјан Прпоски учениците од петто а и петто б одделение го посетија Меѓународниот аеродром Скопје.

Целта на посетата беше продлабочување на знаењата за воздушниот сообраќај и запознавање со начинот на фукционирање и работата на вработените во оваа институција. Во текот на посетата родителот Марјан Прпоски најпрво ги запозна учениците со историјата на воздухопловството во Македонија и начинот на кој денес функционира земниот и воздушниот дел од аеродромот.

Учениците имаа можност преку непосредна симулација да се запознаат со протоколот за контрола при влез на писта, царинската служба, а при посетата на пистата имаа несекојдневана можност од блиску да присуствуваат на слетување на авион. Исто така имаа можност да се запознаат со улогата и задачите на противпожарната служба на аеродромот.

Благодарност до родителот Марјан Прпоски и вработените од Меѓународниот аеродром Скопје за прекрасната организација и одличниот пречек на нашите ученици.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.