ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Промена на агрегатните состојби 12 03 2025

Промена на агрегатните состојби

Во склоп на проектот “Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, родителката Маја Хаџиева Гиговска, Доктор по фармацевтски науки и вработена како истражувач во Истражување и Развој „Алкалоид“ АД, Скопје, одржа работилница во 4 одделение за промена на агрегатните состојби.
Работилницата вклучуваше визуелна презентација на која се претставени илустрации на различни материи преку кои се претставени трите агрегатни состојби на материјата.

Експерименти:

Цврста состојба: натриум хлорид – кујнска сол, кокосово масло, коцки шеќер, син камен кристал со неправилна форма и сина боја.
Течна состојба: растворот за дезинфекција и чистење на кожата (Бетадине-повидон јод),растително масло, раствор од бакар сулфат пентахидрат, етанол.
Гасовита состојба: балон, пареи од јод со виолетова боја.

Процеси:

– цврста во течна (ТОПЕЊЕ) – кокосово масло при благо загревање преминува во течност;
– цврста во гасовита (СУБЛИМАЦИЈА) – пареи од јод. Кристалите од јод при загревање преминуваат во гас со виолетова боја;
– течна во цврста (КРИСТАЛИЗАЦИЈА) – Правење кристали од раствор на син камен (бакар сулфат пентахидрат);
– течна во цврста (МРЗНЕЊЕ) – правење на коцки мраз;
– течна во гасовита (ИСПАРУВАЊЕ) – испарување на раствор од етанол, испарување на вода;
– гасовита во течна (КОНДЕНЗАЦИЈА) – вода;
– гасовита во цврста (ДЕПОЗИЦИЈА) – лист со слана.

Преку активно вклучување на родителите се зголемува интересот и мотивацијата кај учениците.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе