Учениците го отворија Меѓународниот турнир во карате организиран од КК ,,Металург”!
Учениците од подмладокот на училишниот хор, како и поголемите хористи и оркестарци од ООУ „Григор Прличев“ од Скопје, имаа особена чест и задоволство да го отворат меѓународниот турнир во карате во организација на Карате клубот „Металург“.
Со свечената изведба на Химната на Македонија и европската химна „Ода на радоста“, како и забавниот канон „Banaha“ во изведба на малите хористи, нашите ученици создадоа незаборавна атмосфера и ја размрдаа публиката! 👏✨
За нивната посветеност, одличен настап и значаен придонес кон Карате клубот „Металург“, на училиштето и предметниот наставник по музичко образование им беа доделени почесни награди – плакета и пехар, а на нашите хористи и оркестарци кои учестуваа во голем број (околу 40-тина ученици) им беа доделени медали како признание за нивниот труд.
Бескрајно сме горди на сите ученици и им посакуваме уште многу успешни настапи и признанија во иднина!










Поврзани содржини