Велосипедска активност по повод 22 Септември – Светски ден без автомобили
По повод 22 Септември – Светскиот ден без автомобили, беше реализирана велосипедска активност со група ученици од 6 до 8 одделение низ парк-шумата Гази Баба. 🌲🚴♂️ Со многу позитивна енергија и желба за дружење, учениците уживаа во возењето велосипед и престојот во природа. ☀️🥳
Посебно интересна беше посетата на велосипедскиот сервис Велориз, каде што одблизу се запознаа со основните делови на велосипедот, нивното одржување и начинот на кој се врши проверка и поправка на велосипедите. 🛠️🛞 Практичното искуство им овозможи да научат дека редовното одржување е важно за безбедно и сигурно возење. 🛡️👍
Активноста помина во весела и опуштена атмосфера, исполнета со спортски дух, дружење и нови знаења. 🎒🤝 Преку оваа иницијатива учениците испратија јасна порака дека велосипедот не е само превозно средство, туку и начин за здрав живот, дружење и почиста животна средина. 🌱💚♻️
Со велосипед низ природата – здрави деца, чист воздух и насмеани лица! 👧👦🌬️😁

















Поврзани содржини