Од 02.05 – 04.05.2023 се одржа натпреварот Денови на електротехника во Средното стручно училиште „Михајло Пупин“. На тој натпревар учествувавме како група и тоа: Саша Исјановски, Калина Петковска и Билјана Савиќ под менторство на наставничката по физика Мартина Христова. Натпреварот се одвиваше во 3 дена и тоа:
– првиот ден имаше тест натпревар
– вториот ден посета на Музејот на Матка (старата хидроцентрала)
– квиз натпревар помеѓу првите три екипи
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.