Месец на книгата

Месец во кој акцентот е на книгата, нејзиното значење и влијание за растот и развој кај ученикот. Учениците од девето одделени го разбудија поетот во нив, твореа лични поетски творби со примена на видови рима. 
Во прилог избрани песни.

Наставник: Елена Тасевска 

Моја Македонијо

Татковина моја мила,
Ти си како птица со раширени крилја.
Јас се гордеам со тебе знај
Ти си за мене волшебен рај.
Земјо моја, ти нема рамен,
за тебе секој би се фрлил в пламен.
Гоце, Питу, Јане и Даме
за Македонија живот дале.
Херојски настроени ко вистински лав
храбро се бореле без никаков страв.

Изработиле: Неда, Петар, Андреј, Стефан Димитриевски и Стефан Јованов од 9-а

ГОДИШНИ ВРЕМИЊА

Во годината четири годишни времиња има,
пролет, лето,есен и зима.

Во пролет цвеќињата цветаат
и птиците на небото летаат.
Сонцето силно грее
и секое дете се смее.

Штом лето дојде,
време е на одмор да се појде.
Морето сино силно сјае,
Во лето е забавно тоа се знае.

Убаво годишно време е и есен
кога ветерот станува бесен,
Кога лисјата од дрвата паѓаат
и сочни плодови се раѓаат.

Зимата доаѓа со снегулки тон,
снегот вее и се слуша ѕвон.
Децата се веќе на белиот брег
и се санкаат на првиот снег.

Изработиле: Ана, Иван, Ненад и Тамара од  9-б

Есенска галерија

Есенски песни се пеат,
од дрјата лисјата се веат.
Есенската тиква зрее,
на планините за есен се пее.

Крај жолтите дрвја седам,
есенски убавини гледам.
Пејсажното лето пројде,
шарената, раскошна есен дојде.

Изработиле: Миа, Калина, Joco и Горазд од 9-a

Есенска

Есенска зора се руди
и од длабок сон
силниот ветар ме буди.

Низ прозорецот бисерни капки течат.
Низ олуците водата се лее.
И за час ете го сонцето грее
А ветерчо пак последните лисја ги вее.

Изработиле: Ива, Саша, Ангел и Матеја од 9-а

Активности: