Скопје низ времето – од ослободувањето до денес
По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, учениците од историско-ликовната секција го уредија училишното пано на тема „Скопје низ времето – од ослободувањето до денес“.
Преку изложба на историски фотографии, кратки текстови и интересни факти, учениците имаа можност да се запознаат со историското минато на нашиот град, неговото ослободување во 1944 година, како и со промените и развојот на Скопје низ годините.
Со оваа активност се поттикна интересот за локалната историја, почитувањето на историското наследство и негувањето на љубовта кон родниот град.
Да го чуваме споменот за минатото и да градиме подобра иднина за Скопје!











Поврзани содржини