Посета Спомен куќа на Мајка Тереза
Хуманоста започнува со малите дела, а живее преку големите срца!
„Не можеме сите да правиме големи нешта. Но, можеме да правиме мали нешта со голема љубов.“ Мајка Тереза
Учениците од VIIIа и VIIIб одделение заедно со класните раководители Лорета Станковиќ и Татјана Силјаноска-Гочкова, ја посетија Спомен-куќата на Мајка Тереза, каде што имаа можност поблиску да се запознаат со животот, делото и хуманата мисија на една од најголемите хуманистки во светот.
Преку оваа едукативна посета, учениците не научија само за нејзината животна приказна, туку и за вистинските вредности што таа ги остави како трајна порака – љубовта кон човекот, несебичноста, добрината, солидарноста и помагањето на оние на кои им е најпотребно.















Поврзани содржини