ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

„Културна географија“ – Училишен саем „Пасош за светот“

Во рамките на наставните активности по предметот географија беше реализирана воннаставна активност „Културна географија“ со тема училишен саем – „Пасош за светот“, во кој учествуваа учениците од VII-а, VII-б и VIII-б одделение.

Учениците поделени во групи претставија различни држави преку изработка на штандови со постери, интересни географски и културни факти, традиционални обележја, храна и музика. Посетителите го разгледуваа саемот со импровизирани пасоши, во кои добиваа печати по запознавањето со нови информации за претставените земји.

Активноста придонесе за проширување на географските знаења, запознавање со културните различности, развивање на креативноста, тимската работа, комуникацијата и меѓусебната соработка кај учениците.

Саемот помина во позитивна и креативна атмосфера, поттикнувајќи љубопитност, интерес за светот и почитување на културната разновидност.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.