ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Скопје низ времето – од ослободувањето до денес

По повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје, учениците  од историско-ликовната секција го уредија училишното пано на тема „Скопје низ времето – од ослободувањето до денес“.

Преку изложба на историски фотографии, кратки текстови и интересни факти, учениците имаа можност да се запознаат со историското минато на нашиот град, неговото ослободување во 1944 година, како и со промените и развојот на Скопје низ годините.

Со оваа активност се поттикна интересот за локалната историја, почитувањето на историското наследство и негувањето на љубовта кон родниот град.

Да го чуваме споменот за минатото и да градиме подобра иднина за Скопје!

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.