Вечер исполнета со магија, емоции и бескрајна љубов кон музиката!
На 14 ноември 2026 година, нашите мандолинисти Владимир Ристиќ, Калина Ѓориќ, Софиjа Минова, Михаил Шуперлиски и Војдан Дамчевски, предводени од наставничката по музичко образование Елена Владева Апостолов, имаа чест да присуствуваат на целовечерниот гала-концерт во Националната опера и балет.
Повод за оваа незаборавна вечер беа два големи јубилеи – 25 години постоење на Мандолинскиот оркестар „Скопје“ и 60 години плодна уметничка дејност на маестро Рамадан Шукри.
На наша голема чест и задоволство, на сцената блеснаа и наши три ученички кои членуваат во мандолинскиот оркестар „Скопје“ веќе две години. Посебно горди сме на нив и нивните досегашни достигнувања, пример за идните генерации. Огромно БРАВО за Бојана, Анѓелина и Елена👏👏👏
По три часа врвна музика во преполната сала, нашите ученици си заминаа со полни срца, полни со впечатоци, инспирација и нови музички лекции! 🎻










Поврзани содржини