ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

16 Ноември – Меѓународен ден на толеранцијата

Различностите нè збогатуваат, а почитувањето нè обединува!
По повод Меѓународниот ден на толеранцијата, учениците од VIIIа и VIII б одделение заедно со класните раководители Лорета Станковиќ И Татјана Силјаноска-Гочкова, преку креативни активности ја истакнаа важноста на меѓусебното почитување, прифаќањето и разбирањето на различностите. Изработуваа хамери на кои претставија традиционални јадења, верски објекти, народни носии и обичаи од различни култури. Следеа и презентација за Старата скопска чаршија запознавајќи се со нејзиното културно и историско богатство.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.