ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Меѓународна недела на науката и мирот

По повод Меѓународната недела на науката и мирот, во нашето училиште беше реализирана едукативна активност со учениците од VIII-а и VIII-б одделение, под менторство на одделенските раководители Татјана Силјаноска Гочкова и Лорета Станковиќ.

Преку презентација, учениците се запознаа со животот и делото на големите научни умови: Никола Тесла, Алберт Ајнштајн, Марија Склодовска-Кири и Пјер Кири. Истражуваа за нивните значајни откритија, научниот придонес и влијанието што го имале врз развојот на науката и современото општество.

Активноста беше проследена и со изработка на постер, преку кој беа претставени нивните ликови и најзначајните научни достигнувања.

Со оваа активност ја истакнавме важноста на науката како двигател на напредокот, но и нејзината улога во градењето мирен, хуман и подобар свет.

Науката ги поместува границите на знаењето, а знаењето е сила што го менува светот!

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.