ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

16 Ноември 2026 – Меѓународен ден на толеранцијата

По повод Меѓународниот ден на толеранцијата, учениците од VIII-б одделение под мотото „Културите нè зближуваат“ истражуваа и преку интересни презентации ги претставија богатите музички традиции, ора, носии и празници на сите заедници во нашата земја.
Со оваа активност, преку презентациите, како и разговори и дискусија заедно со наставничката по музичко образование Елена Владева Апостолов, тие покажаа дека взаемното почитување, разновидноста и споделувањето на културното наследство се вистински пат кон меѓусебно разбирање и блискост.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.