ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

soobrakajna kultura 18 11 2021 01

Активности за поттикнување на демократската клима во училиштата

Тема: Изработка и поделба на едукативни летоци за подигнување на сообраќајната култура
(Соработка со Полициска станица Автокоманда и СВР Скопје)
 
Иницијатива на учениците од деветто одделение во соработка со ученичкиот парламент.
 
Дата: 18.11.2021 година
 
Цел: Подигнување на свеста кај возрасните и учениците за безбедноста во сообраќајот.
 
Учесници:
  • Учениците од VIIб, IXa и IXб одделение.
  • Наставници: Лорета Станковиќ, Татјана Силјаноска-Гочкова и Тоше Столески.
  • Стручна служба: Елена Трипуновска Максимовска и Марија Костовска .
Тек на активности:
  • Поттикнување на учениците за поткренување на ученички иницијативи (наставник по граѓанско образование и стручната служба).
  • Состанок на ученичкиот парламент (детекција на проблемите со кои учениците се соочуваат, дебатирање, гласање и утврдување на активности).
  • Соработка со наставникот по граѓанско образование и договорни активности со учениците.
  • Изработка на летоци и постери.
  • Остварување на контакти со полициска станица Автокоманда и СВР Скопје.
  • Реализација на терен.
Постигнати резултати:
  • Подигнување на свеста на возрасните и децата  за одговорно однесување во сообраќајот.
  • Остварена соработка со надлежни институции која ќе предолжи и во иднина со вклучување на повеќе ученици.
  • Учениците научија како да дејствуваат во училиштето и заедницата.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе