ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

petar pan 2 min

Балетска претстава „Петар Пан“

На 07.02.2020 учениците од одделенска настава заедно со своите одделенски наставници ја проследија балетската претстава „Петар Пан“ во македонска опера и балет, МОБ. Претставата започна во 12 часот со времетраење од 1 час и 15 минути. 

Балетската претстава е редовна на репертоарот на македонска опера и балет, МОБ.

Петар Пан e лик создаден од шкотскиот романописец и драматург Џ.М.Бeри (1860 – 1937). Палаво момче кое може да лета и магично одбива да расте. Петар Пан го поминува своето бескрајно детство во авантури на малиот остров, Недојдија, како лидер на неговата банда „Изгубените момчиња“, заедно со сирени, Индијанци, самовили и пирати, и одвреме – навреме сретнувајќи необични деца од надворешниот свет.

Настапија балетски солисти и ансамблот на Национална опера и балет/ МОБ 2020

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе