Ден на екологијата – 21.03.2017
За да се заштити животната средина од понатамошно загадување, најнапред, неопходно е да се развие и подигне свеста за потребата од заштита на животната средина, односно да се развие еколошката свест кај населението и младите воопшто, дека за она што се случува во нашето опкружување, сме одговорни сите ние. Недостатокот на еколошка свест кај граѓаните, уште повеќе ја зголемува опасноста од еколошка катастрофа, а најмногу се загадува чистотата на воздухот и водата. За заштита на животната средина, во повеќе земји во светот, постојат здруженија и организации, кои преземаат низа акции за издигнување на еколошката свест и за преземање мерки за заштита на животната средина. По тој повод за „Ден на екологијата“- 21.03.2017 во ООУ „Г. Прличев“, расположени, со многу насмевки и позитивна енергија учениците и наставниците се вклучија во акцијата да го исчистат и уредат своето училиште и училишниот двор.







Поврзани содржини