ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

den na pobeda nad fashizmot 2021 001

Денот на победата над фашизмот

Светскиот ден на победата над фашизмот – 9-ти Мај

На денешен ден на 9-ти Мај 1945, неколку минути по полноќ и официјално заврши Втората светска војна, најголемото зло на човештвото. Во војната учествувале 61 земја  со вкупно 2,1 милијарда жители или 96% од светското население. Во виорот на војната загинаа 50 милиони лица, од кои 30 милиони цивили, а само во нацистичките логори беа убиени 12 милиони луѓе.
Актот за безусловна капитулација на Третиот рајх во име на Врховната команда го  потпишаа фелдмаршалот Вилхем Кајтел, генералот Ханс Јирген Штумпф и адмиралот Ханс Георг фон Фридебург додека од страна на сојузниците своите потписи врз документот ги ставија рускиот маршал Георгиј Жуков и британскиот генерал Артур Тедер.
Со овој чин заврши најстрашната војна во Европа, а нацистичка Германија која на 1 Септември 1939 год. ја започна војната со нападот на Полска, престана формално да постои како оружена сила.
На Далечниот Исток војната заврши дури на 2 Септември 1945 год. кога Јапонија капитулираше по бомбардирањето на Хирошима и Нагасаки со дотогаш непознатото  оружје, атомската бомба.
Aко фашизмот беше најголемото зло што го снајде човештвото, тогаш обединувањето на Европа е најуспешниот проект на дваесетиот век.

Презентацијата можете да ја погледнете на следниот 

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе