ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Lara Ristovska 7b Osvoi Prvo Mesto Na Konkursot Po Povod Denot Na Ruskiot Jazik 3

Лара Ристовска 7б освои прво место на конкурсот по повод Денот на рускиот јазик

Со голема гордост ја споделуваме веста дека нашата ученичка Лара Ристовска од освои прво место на конкурсот по повод 6 Јуни – Денот на рускиот јазик, во конкуренција од околу 150 учесници. 🗓️🇷🇺🎨🥇🏆

Лара учествуваше во категоријата цртеж/илустрација, инспирирана од поезија на Александар Сергеевич Пушкин, која успешно ја претвори во уметничко дело. 🖌️✍️📜✨

По повод освоената награда, викендов беше организиран свечен прием со амбасадорот на Руската Федерација во нашата држава, каде што Лара беше меѓу наградените ученици. 🏛️🤝📜👔✨

Училиштето ѝ честита на Лара за овој значаен успех и ѝ посакува уште многу достигнувања и инспиративни творечки моменти во иднина. 🏫👏🎨🚀🌟

Честитки, Лара! 🎉🏅💐🍀

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе