ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

muzej vo makedonija 2013 01

Музеј на Македонија

Проект во соработка со Музеј на Македонија – Велигден, најголем христијански празник

Во периодот од 13.03 – 28.03.2013 година, со  учениците од I б одделение и  одделенските раководители Благица Секуловска и Габриела Постоловска  во соработка со Музеј на Македонија беше реализиран проектот „Велигден – најголем христијански празник“. Преку активностите поделени во шест музејски работилници учениците се здобија и ги проширија знаењата за традицијата, фолклорот, културното наследство на нашата татковина и за значењето на христијанскиот празник Велигден. Беше одржана и завршна приредба пред родителите и гости.

Работилница 1 : Разгледување на етнолошката поставка

Работилница 2 : Приказна за празникот Велигден

Работилница 3 : Традиционално бојадисување на велигденските јајца

Работилница 4 : Доцртување и боење на народни носии

Работилница 5 : Изработка на постер

Работилница 6 : Месење на велигденска погача