Одбележување на јубилејот на АРМ
По повод одбележувањето на јубилејот „20 години сили за специјални операции“ и Денот на полкот за специјални операции на АРМ, нa 19 Февруари во касарната „Илинден“ во Скопје се одржа Отворен ден на кој присуствуваа учениците од VI б одд и ученици од VIII одделение.Учениците имаа можност да се запознаат со борбените средства, техниката и опремата со кои се опремени на ПСО, а врвната обученост „волците“ и „ренџерите“ на АРМ, ја демонстрираа со изведување на практична обука на мултифункционалната алпинистичка кула, низ тактичките вежби „блиска борба – заседа“ и „обезбедување на високи воени раководители“, при што беше прикажана употреба на беспилотни летала и хеликоптер, како и беспрекорна обученост и психофизичка подготвеност во изведување на повеќе видови боречки вештини.






Поврзани содржини