ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

godishnina od smrtta na goce delchev

Одбележување на смртта на Гоце Делчев

ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ РЕВОЛУЦИОНЕР ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

На 4 Мај 2021  година  се навршуваат  118 години од херојската смрт на Гоце Делчев, најголемиот македонски син, првоапостолот на македонската револуционерна народноослободителна борба. Со длабок пиетет денес се чествува делото на овој автентичен водач на Македонското револуционерно движење, чии дела оставија трајни белези кај македонскиот народ. Неговите дела, стремежи и визии, беа и ќе бидат вистински патоказ за досегашните и идните македонски генерации.
Ретки се народите кои во својата историја имаат личности кои можат да ја надминат големината на Гоце Делчев. Како револуционер и хуманист, ослободен од секаков национализам и шовинизам, Гоце Делчев кон крајот на 19 и почетокот на 20 век се бореше за ослободување на својот поробен македонски народ. Неговиот идеал беше слободна и независна Македонија, со широки права за угнетеното население.  Но, тој сонуваше и за Балканска федерација на братските народи, како и создавање на свет кој го разбираше како поле за културен натпревар меѓу народите.
Чествувањето на ликот на Гоце Делчев денес е тесно поврзано со неговата револуционерна национално-ослободителна борба. Уште од мал задоен со преродбенските револуционерни идеи, тој влезе самопожртвувано во борбата за ослободување на својот поробен народ. Набрзо по вклучувањето во раководството на Македонската револуционерна организација во 1894 година, Гоце Делчев стана еден од главните идеолози и стратези на македонската револуционерна народноослободителна борба.
Гоцевата мисла, дека ослободувањето треба да биде дело на самиот народ, стана основен раководен принцип на револуционерната борба. Тој развиваше неуморна дејност за политичко-просветното издигнување на македонскиот народ и за организирање масовна борба за национално, економско и политичко ослободување.
Чврсто стоејќи на браникот на самостојноста и самобитноста на македонското револуционерно движење, Гоце крстосувал низ целата македонска земја притоа формирајќи во сите околии народни револуционерни комитети и постојани чети. Ширејќи го фронтот на Македонското револуционерно движење, тој ја отворил Организацијата за сите незадоволни елементи без разлика на половата, верска или етничка припадност. Барајќи внатрешни сојузници, тој се обратил и кон турскиот народ, уверувајќи го дека борбата не се води против него, затоа што и тој како и македонскиот народ бил угнетен. Борбата се води, велеше Гоце, против угнетувачкиот систем на султанот и пашите, за слободата на Македонците.
Во време кога потготовките за општонародно востание сеуште не биле целосно завршени, најавата за кревање на народот на предвремено востание за Гоце било однапред било осудено на неуспех. Затоа Гоце остро се спротивставува на пребрзаноста, но, токму во екот на подготовките, тој беше предаден кај селото Баница, Серско, каде што загина на 4 Мај 1903 година.
Со осамостојувањето на Македонија, Гоцевите стремежи и визии беа  остварени. Врз коските на македонските херои паднати за слободата на Македонија беа поставени цврстите темели за остварување на вековните идеали на илинденските  поколенија.
Секоја година на 4 Мај, на денот кога загина големиот револуционер, Македонија му се поклонува и му оддава почит на великанот.

Презентацијата можете да ја погледнете на следниот