Патронат – 2
На ден 25.03.2019г. по повод патронатот на ООУ „Григор Прличев“, се одржаа неколку активности. Прво во 10:30 часот се одржа положување цвеќе на споменикот – бистата на Григор Прличев во дворот на самото училиште. После тоа со почеток во 11:00 се одржа спортски натпревар – ракомет помеѓу класовите на 5а и 5б одделение. Натпреварот го судеа ученички од повисоките одделенија кои тренираат ракомет, а класовите претходно беа подготвени од одделенските наставници Јордан Петрушевски и Ива Количев. Исто така беше одржан и настап – танцување хип – хоп, од страна на ученички од 5а и 5б одделение. И овие ученици беа подготвени од истите наставници: Јордан Петрушевски и Ива Количев.




Поврзани содржини