ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Poseta na MOB - pretstava Operata na shumskite zhivotni 9

Посета на МОБ – претстава „Операта на шумските животни“

На ден 03.02.2017 година учениците од I до V одделение беа во посета на МОБ, каде ја проследија интерактивната детска престава „Операта на шумските животни“.
Сценариото на оваа музичко – сценска претстава имаше за цел да ја запознае и едуцира најмладата публика, примарно со поимите во однос на оперската уметност,(композитори, оперски пеачи, солисти, режисер, хор и сценарист). Сценариото изобилуваше со многу комични моменти кои се случуваа додека шумските животни се обидуваа да создадат оперска претстава.
Музичкиот дел беше исполнет со популарни арии од оперите: „Кармен“, „Палјачи“, „Аида“, „Травијата“, „Рита“ и многу други арии и инструментални композиции кои беа со адаптиран текст, прилагоден на учениците од оваа возраст.
ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе