Рециклирај забавно – 2
Во соработка со ЈП Комунална хигиена-Скопје, во нашето училиште на 28.02.2019год.се одржа предавање „Правилно постапување со комунален отпад“ во IV и V одд.
Од страна на ЈПКХ беа поставени контејнери за селекција на отпад во дворот на училиштето. Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај младите дека секој отпад не е ѓубре.
На 15.03.2019 во нашето училиште се одржа и завршна манифестација на која нашето училиште-домаќин се претстави со кратка приредба „Рециклирај забавно“, со ученици од IV и V одд. Од страна на ЈПКХ беа организирани и забавни игри.






Поврзани содржини