ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Саем на книгата 2016 (4)

Саем на книгата 2016

САЕМОТ НА КНИГАТА како една од најзначајните културни манифестации во земјата обезбедува најголема концентрација на дела од домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста.
По тој повод, го посетивме 28-миот, по ред Саем на книгата 2016 кој беше место на литературни читања и обраќања на еминентни автори од оваа област, меѓу кои и писателот за деца Киро Донев. 
Со задоволство ги проследивме промоциите на најновите изданија и на нивните автори на голем број домашни и странски издавачки куќи. Несомнено, огромно е значењето на Саемот на книгата, како една од најпосетените саемски манифестации кај нас, која учествува во создавањето на традицијата и култот кон пишаниот збор, кој секако ги обединува децата и луѓето воопшто.
ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе