ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

idni prvacnjiha 09 05 2025

Средба со идните првачиња

 Денешниот ден го исполни детска смеа и радост во ООУ „Григор Прличев“!

Со посебно задоволство ги пречекавме идните првачиња од градинката „Детска радост“, објект „Калинка“! Оваа прекрасна генерација на мали љубопитници дојде да се запознае со училишната атмосфера, да ѕирне во нивните идни училници и да се дружи со нашите ученици.

Средбата помина во топла и пријатна атмосфера, а детските очиња блескаа од возбуда при запознавањето со училишниот живот. Оваа посета е уште еден доказ за нашата успешна и долгогодишна соработка со градинката „Детска радост“, која има за цел полесно прилагодување на дечињата кон училиштето.

Ви благодариме на сите кои бевте дел од ова незаборавно дружење!

#ООУГригорПрличев #ДетскаРадостКалинка #ИдниПрвачиња #Соработка #Дружење #Радост #Училиште #ПрвЧекор

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе