Традиционална велосипедска трка
ТРАДИЦИОНАЛНА ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА
ПОДИГАЊЕ НА ТРЕТО ЗЕЛЕНО ЗНАМЕ
Одржана на 22.04 2019 – понеделник
Традиционалната велосипедска трка се одржа по повод одбележувањето на 22 Април – Ден на планетата Земја, во реализација на објект „Калинка“, нас. Железара, под покровителство на градоначалникот на општина „Гази Баба“.
Трката започна во 10:30 Учество земаа дечињата од објект „Калинка’ од сите возрасни воспитни групи, заедно со нивните воспитувачи. Од реквизити беа користени, вртелешки и тротинети за помалите, и велосипеди за повозрасните дечиња.
Во завршниот дел на манифестацијата, учество во трката земаа и првачињата од Ia и Iб одд; учениците од IIa и IIб одд; како и учениците од IIIодд. при „ООУ Г. Прличев“ – Железара, заедно со нивните одделенски наставници.







Поврзани содржини