Промена на агрегатните состојби
12 Мар, 2025Во склоп на проектот “Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“, родителката Маја Хаџиева Гиговска, Доктор по фармацевтски науки и вработена како истражувач во Истражување и Развој „Алкалоид“ АД, Скопје, одржа работилница во 4 одделение за промена на агрегатните состојби.
Работилницата вклучуваше визуелна презентација на која се претставени илустрации на различни материи преку кои се претставени трите агрегатни состојби на материјата.
Експерименти:
Цврста состојба: натриум хлорид – кујнска сол, кокосово масло, коцки шеќер, син камен кристал со неправилна форма и сина боја.
Течна состојба: растворот за дезинфекција и чистење на кожата (Бетадине-повидон јод),растително масло, раствор од бакар сулфат пентахидрат, етанол.
Гасовита состојба: балон, пареи од јод со виолетова боја.
Процеси:
– цврста во течна (ТОПЕЊЕ) – кокосово масло при благо загревање преминува во течност;
– цврста во гасовита (СУБЛИМАЦИЈА) – пареи од јод. Кристалите од јод при загревање преминуваат во гас со виолетова боја;
– течна во цврста (КРИСТАЛИЗАЦИЈА) – Правење кристали од раствор на син камен (бакар сулфат пентахидрат);
– течна во цврста (МРЗНЕЊЕ) – правење на коцки мраз;
– течна во гасовита (ИСПАРУВАЊЕ) – испарување на раствор од етанол, испарување на вода;
– гасовита во течна (КОНДЕНЗАЦИЈА) – вода;
– гасовита во цврста (ДЕПОЗИЦИЈА) – лист со слана.
Преку активно вклучување на родителите се зголемува интересот и мотивацијата кај учениците.