8 Декември го празнуваме во чест на Свети Климент Охридски - ООУ Григор Прличев
8 Декември го празнуваме во чест на Свети Климент Охридски 09 12 2025

8 Декември го празнуваме во чест на Свети Климент Охридски

8 Декември го празнуваме во чест на Свети Климент Охридски, ученик на светите браќа Кирил и Методиј, средновековен учител и прв словенски епископ. Св. Климент бил голем просветител и писател, преведувал книги и има огромна заслуга во ширењето на писменоста во Македонија. Како основоположник на Охридската книжевна школа, зад себе оставил богато духовно и културно наследство. Неговото дело оставило траен белег во историјата, а ние и денес му оддаваме почит и го чествуваме како светол пример што треба да се следи.

Во чест на овој голем македонски просветител, учениците од нашето училиште го уредија училишното пано. Тие изработија цртежи, илустрации и кратки информативни текстови со кои го прикажаа животот и делото на Св. Климент Охридски – нивните активности се израз на креативност и знаење, како и почит кон неговото значајно дело.

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе