Божиќен концерт на Мандолинскиот оркестар Скопје - ООУ Григор Прличев

ООУ Григор Прличев

Гази Баба СКОПЈЕ

Божиќен концерт на Мандолинскиот оркестар Скопје 15 12 2025

Божиќен концерт на Мандолинскиот оркестар Скопје

На покана на маестро Ерхан Шукри, ученици кои членуваат во училишниот оркестар заедно со предметниот наставник по музичко образование Елена Владева Апостолов, на 13.12.2025г. беа на концерт на Мандолинскиот оркестар Скопје кој се одржа во Католичката црква. Учениците уживаа во изведбите на познати композиции, новогодишни и божиќни песни и на звуците на мандолините предводени од вештите прсти на членовите на мандолинскиот оркестар Скопје. Посебно горди што меѓу нив се најдоа нашите Бојана Поповска, Анѓелина и Елена Таневски чија љубов кон мандолината ја здобија токму во нашиот училишен оркестар. Уште многу успешни концерти им посакуваме, а нашите оркестарци секогаш ќе бидат во публиката да ги бодрат и да уживаат во нивните изведби.

Фотографиите и видеата може да ги погледнете на следниот линк:

👉 Кликни тука

ООУ Григор Прличев
Политика на приватност

Oбјаснување како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.
Прочитај повеќе