EКО ПАТРОЛА – општествено-хуманитарна работа
Во рамките на општествено-хуманитарната работа беше реализиран проектот „Еко активности“, со цел развивање на еколошката свест и поттикнување на одговорен однос кон животната средина.
Учениците активно учествуваа во чистење и уредување на училишниот двор и околните јавни површини. При акцијата беа собрани различни видови отпад, по што учениците истражуваа колку време е потребно за нивно разградување во природата.
Како резултат на истражувањето, беше изработена едукативна еко-табла на тема:
♻ „Колку време му треба на отпадот да се разгради?“
Преку оваа активност учениците се запознаа со времето потребно за разградување на различни материјали и отпадоци што ги пронајдоа во училишниот двор, како хартија, пластика, лименки и други видови отпад. На овој начин тие ја согледаа важноста од правилното одлагање на отпадот и зачувувањето на животната средина.
Со својата активност, труд и одговорност, учениците покажаа дека секој може да придонесе за почиста и поздрава околина.
🌍 „Да ја чуваме природата денес, за подобро утре.“







Поврзани содржини