Дводневна научно-наставна екскурзија во источна Македонија
На ден 04.05-05.05.2026 година учениците од VIа и VIб одделение реализираа дводневна научно-наставна екскурзија во источна Македонија. Преку посета на Кратово и Музејот на град Кратово (Куќа Сарај) во кој беа изложени историски, археолошки и етнолошки збирки и посета на Кулата, преку Радовиш во посета на преубавата црква Св.Троица, па до Струмица и посетува на манастирот ,,Успение на Пресвета Богородица Елеуса“ – Велјуса и манастирот ,,Св.Леонтиј“ – Водоча. 🏛️📜⛪🚏
По вечерната прошетка во ,,Струмица на улица” и посета на центарот на градот, утредента преку Колешинскиот водопад и неговите природните убавини, се продолжи за Дојран и Дојранското Езеро, рибарските куќи и Саат Кулата, па преку разгледување на Демиркаписката клисура, шестоодделенците се вратија дома со убави импресии. 🌆🌊🛶🏔️🎒
Преку дружење, набљудување и заеднички активности, учениците осознаа нови работи за историјатот на вековно старите цркви и манастири и нивното историско и културно значење, запознавање на природната средина и природните убавини на нашата земја, си поминаа два дена исполнети со насмевки, другарување и убави доживувања. 🧠🌿🤝😊📸🌟






Поврзани содржини