Соработка со родител – PLAYSTATION како забава и како професија
Родителот Алдо Али одржа интересно предавање на 6а и 6б одделение на темата PLAYSTATION како забава и електрониката и забавните игри како професија. Освен што сите млади обожуваат да ги играат разните игри на Playstation како би се забавувале, учениците осознаа како сето тоа да се претвори во професија во која утре можат освен забава и да заработуваат. 🕹️👨💻📈💰
Предизвиците со кои поединецот кој се занимава со оваа дејност се соочува со секојдневниот напредок на технологијата, тековните усовршувања, историја на компјутерите и електрониката до денес и како тоа би се одвивало во иднина во колку некој се реши да се занимава со таа дејност, освен што ќе се забавува. 🖥️🚀⏳🔮🤖
Учениците осознаа дека во позадина на секоја забава стои умот, усовршувањето и тековното учење и следење на новитетите, како би можеле да бидат успешни во професијата која ја одбрале. 🧠📚💡💡👏🌟






Поврзани содржини