Брзозборки, смеа и многу јазици: Го одбележавме Европскиот ден на јазиците!
По повод 26 Септември – Европскиот ден на јазиците, во нашето училиште изминатава недела деновите беа исполнети со енергија, забава и многу „скршени јазици“!
Под менторство на наставничката по музичко образование Елена Владева Апостолов и во соработка со психологот Катерина Натева – Теова, организиравме квиз-натпревар во брзозборки, каде учениците ги одмерија своите сили на дури четири јазици!
🏆 Најдобрите рецитатори по категории
Секоја категорија донесе многу смеа и возбуда, натпреварувачите беа одлични, а како највешти во брзозборките се издвоија:
-
Бошњачка брзозборка: Калина Ѓориќ и Ирина Ѓошевска
-
Албанска брзозборка: Андреј Јовчевски и Јован Капевски
-
Српска брзозборка: Стефанија Димовска и Марко Дубравац
-
Турска брзозборка: Давид Лулевиќ и Кристина Ивановска
За крај, сите заедно се обидовме да кажеме македонска брзозборка во еден глас и научивме една важна лекција — екстремно е тешко да се каже брзозборка во хор, дури и кога е на мајчин јазик! 😄
🎶 Музиката ги поврзува сите јазици
По завршувањето на квизот, забавата продолжи во холот на училиштето каде училишниот хор ја изведе величествената „Ода на радоста“ на неколку јазици, а за оваа објава го издвоивме нејзиниот оригинал на германски јазик!
Да си го чуваме и негуваме мајчиниот јазик, но и со отворено срце да ги учиме и почитуваме јазиците на нашите сограѓани и на сите народи во светот. 💬❤️✨







Поврзани содржини